Заменик Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија г-ѓа Фатмире Исаки, денес, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија г-дин Милан Предан.
На средбата, беше изразено задоволството од одличните билатерални односи и соработка меѓу двете пријателски земји кои се карактеризираат со меѓусебна поддршка и почитување.
Упатена беше и благодарност за досегашната континуирана поддршка на Република Словенија за Република Северна Македонија како во процесот за членство во НАТО, така и во процесот за интеграција во Европската Унија, притоа изразувајќи ги очекувањата дека поддршката ќе продолжи и за време на претседавањето на Република Словенија со Советот на Европската Унија.
Соговорниците се осврнаа и на актуелните состојби во двете земји во однос на справувањето со пандемијата КОВИД-19, а исто така беа разменети и информации и искуства во процесот за справување со здравствената криза, економските последици од истата како и за процесот за снабдување со вакцини.
На средбата истакнати и заемните заложби за натамошен развој и јакнење на севкупните односи и соработката меѓу двете земји, особено во областа на економијата.